Хотел Бистра
 
     
Хотелот "Бистра" е сместен на падините на планината Бистра, близу до Мавровското Езеро и до лифтовите со три седишта, кои водат до прекрасните скијачки терени.
Во рамките на природната убавина и инфраструктурата за одмор, хотелот овозможува пријатен престој, одмор, разонода и рекреација во тек на целата година.
Хотелот има 118 кревети во прекрасно уредени соби со џакузи купатила или тушеви, ВЦ, телефони и ТВ.
Хотелот "БИСТРА" има сосема нови ексклузивно опремени апартмани со џакузи купатила и тушеви.
Во нашиот ресторан нудиме богат избор на извонредни специјалитети од морска храна и традиционална национална кујна.