|
Хотел Макпетрол
|
|
|
Хотелот Макпетрол Струга е сместен во пејсажот на прекрасната шума и перфектно уредената околина, со поглед на Охридското Езеро.
Сместен е во близина на градот Струга и околу десет километри оддалеченост од Охридскиот аеродром. Хотелот има сопствен паркинг простор, своја сопствена песочна плажа, пливачки базени и рекреативни и спортски терени.
Хотелот опфаќа 46 двокреветни соби и три апартмани. Сите соби се опремени со климатизери, купатило и телефон, мини бар, сателитска ТВ и балкон со поглед на Охридското Езеро.
Апартманите се опремени со џакузи, мини бар, кујна и Интернет.
Хотелот работи на база на полупансион.
Покрај тоа, шефовите на националната и интернационалната кујна се на ваше располагање да ви понудат уживање и задоволство со нивните специјалитети во ресторантот со капацитет од 300 седишта, аператив бар, банкет хол, отворена тераса и отворен ресторант со 150 седишта. Хотелот поседува конгресен центар со семинар хол и конгресен хол, опремен со ЛЦД проектор, лаптоп компјутер, графоскоп, проекциско платно и табла. Во рамките на центарот, можете да го користите аператив барот и ТВ холот. Сето ова ви нуди перфектни можности за организирање на конгреси, семинари, модни ревии, презентации и други случувања.
Хотелот располага со спортски објекти (тенис, ракомет, кошарка, фудбал во сала, одбојка на плажа, трим трки) и организира спортски турнири, тренинзи и можности за ноќен спорт, фитнес центар, сауна и ноќно пливање.
|
|
|
|
|
|
|
|
|