Хотел Бисер
 
     
Објекти за сместување

Хотелот Бисер поседува 77 (еднокреветни и двокреветни) соби со 9 луксузно опремени апартмани со вкупен капацитет од 220 кревети.
Собите се опремени со ТВ, радио, телефон, ВЦ терасси со поглед на езеро.
Апартманите и дел од собите се климатизирани.
Хотелот има сопствен паркинг, како и приватно пристаниште.

Објекти за исхрана

Една од карактеристиките на хотелот Бисер е неговата, не само во Република Македонија, добро познатата природна околина-де факто хотелот е изграден и лежи директно на карпа. Карпестите зидови се гледаат во ресторанот и дискотеката (хотелот има сопствена дискотека). Тие гостите ги оставаат без здив.
450 гости можат да се сместат во нашиот ресторан каде што тие можат да вкусат многу национални и интернационални јадења приготвени од нашите кулинарски мајстори.
200 гости ќе имаат една и единствена можност да уживаат во погледот на кристално чистата езерска вода и манастирскиот комплекс Св. Богородица од нашата хотелска тераса.
Нашата дискотека е тука да ви помогне во целовечерната ноќна забава.
Хотелот има своја приватна плажа со 800 лежалки.
За време на летната сезона, на самата обала на езерото можете да ги најдете нашата детска градинка каде што вашите малечки ќе бидат згрижени.
Хотелот ви нуди можности да уживате во италијанската храна директно на плажа-има пица ресторан како и бар за ваша релаксација и задоволство.