Хотел Stone Bridge
 
     
Хотелот е категоризиран со пет звездички и нуди 30 соби, еднокреветни и двокреветни, 10 апартмани и 1 Султан (претседателски) апартман. Сите соби се опремени со плазма ТВ со сателитски канали, аудио систем, директна телефонска линија, жичен и безжичен интернет, мини бар и сеф.
Прекрасната естетичка појава постигната со внимателно одбрани бои, завеси и луксузен намештај создаваат неповторлива атмосвера на софистикација, со топол и удобен амбиент. Можноста да се ужива во погледот кон најголемиот број на познатите културни и историски споменици на градот, старата Турска чаршија, тврдината Кале и Камениот мост, од луксузот на вашата соба е екслузивна привилегија на нашите гости и понатамошна мотивација на професионалниот тим на хотелот да обезбеди комплетна водичка служба со организирани посети на познати културни и историски или археолошки локалитети за нашите гости. Уште повеќе, хотелот е секогаш подготвен да ги поттикне гостите на организирани посети на актуелни културни случувања во градот.
Купатилата имаат величанствена опрема, џакузи и избор на помагала кои овозможуваат задоволителни моменти на релаксација и уживање.
Вашите нови бизнис достигнувања, јубилеи, или едноставно секоја прослава или моментална желба се додатна инспирација за хотелот за да ги разубави вашите моменти на радост и задоволство, создавајќи сеќавања кои долго ќе останат запаметени по завршувањето на престојот во хотелот.