Хотел Два Бисера
 
     
Нашиот хотел е сместен во месноста Лагадин, 8км од стариот град Охрид. Овој мал и интимен, но луксузно опремен објект се состои од две посебни вили со величествен поглед на Охридското езеро, особено на езерскиот брег. Два бисери е совршено место за одмор, за секој што сака мирни плажи и долги прошетки по плажата. Има многу активности за оние кои сакаат активен одмор и забава, а има и многу дискотеки, кафе барови и спортски терени во близина. Со совршена локација и беспекорна услуга хотелот Два бисера нуди комплетно искуство не само во летниот период туку и преку целата година.
Добредојдовте во еден од бисерите на античкиот град. Слободно уживајте во интимноста, луксузот, врвните светски специјалитети како и во првокласната услуга. Ние ќе се погрижиме моментите поминати со нас да бидат моменти на кои секогаш со задоволство ќе се навраќате. Хотелот Два бисери импресионира со својот луксуз и интимност.