Хотел Гранит
 
     
Хотелот има 9 еднокреветни соби, 87 двокреветни соби, 22 апартмани, 1 ресиденција и претседателски апартман. Опременоста на собата зависи од самата соба. Сите соби имаат телевизори, телефони, тоалети и бањи со кади т.е. туш кабини и фенови за коса. Некои од собите имаат мини барови.
Сите апартмани имаат големи тераси, пространи и комотни соби, телевизори и мини барови. Тоалетите се опремени со фен за коса, кабини за туширање или јакузи.
Сите соби или апартмани во хотелот имаат интернет конекција која не се наплаќа. Хотелот постојано добивал позитивни критики поврзани со хигиената, што се должи на квалитетно и професионално опремената перална, со работно време од 06 до 22 часот.

Во зелената област што се протега како рајска градина низ ходникот на хотелот, кафе барот е вистинско место за релаксација. Има модрно опремен бар со 120 удобни седишта, како и пријатна музика низ целиот бар. Кафе барот е идеално место да се изгаси жедтта и да се ужива во пријатни моменти со придружба. Квалитетната услуга во кафе барот е на ваше располагање, како и големиот асортиман на алкохолни и безалкохолни пијалаци, ладни и топли напитоци и голем избор на коктели.
Големата и пријатна тераса со 100 седишта нуди величенствен поглед на Охридското Eзеро што го зголемува чувството на одмор и релакација.
Во рамките на кафе барот има голема телевизиска сала со 70 седишта и голем тв екран што овозможува пристап до разни сателитски канали. Услугите од кафе барот се достапни во телевизиската сала.